Мирен протест поради отстранувањето на времените објекти во Струга
Поради отстранувањето на времените објекти во Струга, досегашните корисници денеска одржаа мирен протест пред зградата на Општина Струга, пренесува ТВ Спектра.
За некои од корисниците, овие објекти во најголем дел претставуваат единствен извор на егзистенција. Неодамна Советот на Општина Струга донесе одлука за отстранување на урбаната опрема и времените објекти со цел ставање ред при нивното поставување, но и нивно унифицирање. Корисниците велат дека ако се реализира оваа одлука над 500 лица ќе останат без егзистенција. Советот на Општина Струга не ги информира досегашните корисниците дали тие ќе имаат предност при доделување на идните локации и дали воопшто ќе бидат обештетени оние корисници кои досега од свој џеб платиле за спроведување електрична и водоводна мрежа.
На денешниот протест е побарано Советот на општина Струга да ја поништи одлуката која ја донесе на крајот на јануари оваа година.
{loadposition content9}