Skip to main content

Експлозии во касарна на Силите за безбедност на Косово

Непознати напаѓачи синоќа истрелаа противтенковски гранати врз касарни на новоформираните Сили за безбеност на Косово во западниот дел од земјата, соопшти косовската полиција.

 |  Крсте Голабовски  | 
kosovsko zname
косовско знаме
Непознати напаѓачи синоќа истрелаа противтенковски гранати врз касарни на новоформираните Сили за безбеност на Косово во западниот дел од земјата, соопшти косовската полиција.

По нападот реонот околу градот Пеќ е блокиран од мировните сили на НАТО. Од експлозијата причинета е мала штета на зградата, но нема повредени.

bezbednosni siliНападот се случи еден ден откако Силите за безбедност на Косово официјално ја презедоа должноста по расформирањето на Косовскиот заштитен корпус, во кој служеа 3.000 лица, од кои повеќето етнички Албанци, поранешни ушесници во Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Засега не се знае кој е одговорен за нападот.Србија протестира против формирањето на косовските сили за безбедност, кои според неа имаат за цел да го заплашат српското малцинство на Косово.

 

{loadposition content9}