Утре во МТСП ќе се расправа за локацијата за изградба на марина во Охрид
Денес по трет пат охридските советници прашуваа, а градоначалникот одговараше.
Ќе се знае ли утре конечно локацијата на која треба да биде изградена долгоочекуваната, но и долгонајвувана и во секоја предизборна кампања користена марина? Градончаланикот на Општина Охрид, Никола Бакрачески на денешеното 28-мо издание на седницата на Советот на одговор на пратеничко прашање, го најави утрешниот состанок во Mинистерството за транспорт и врски, на кој тој, заедно со претставници од Охридската Капетанија и Министерството за одбрана, лично ќе присуствува. Бакрачески од говорницата кажа дека можноста за изнаоѓање извори за финансирање на марината ја одредува локацијатa за нејзината изградба.
„Меѓутоа за да вие одредите локација која ќе биде погодна за јавно приватно партнерство, на приватниот партнер треба да му одредите локација на која тој ќе изгради објекти придружни како хотелско угостителски објекти од која тој ќе ја поврати инвестицијата која ќе ја вложи за изградба на марината.Ние во овој момент немаме можност во централното градско подрачје на градскиот плоштад да издадеме земјиште за изградба на ваккви објекти и од тие причини најверојатно марината ќе се гради на друга локација“ рече Градоначалникот Бакрачески.
На утрешниот состанок во МТСП исто така ќе стане збор и за дефинитивните можности за изградба на пешачка патека која ќе го поврзува Охрид со населбата Kанео. На прашањето поврзано со судбината на Мостот на желбите Градончалникот Бакрачески со став дека станува збор за објект кој е дивоградба, небезбеден и импровизиран изграден без елаборат кој за пешаците преtстсавува опасност.
Многу прашина крена прашањето на советникот Јоне Станкоски за проектот за заштита на
Студенчишкото Блато и средствата на германското друштво за соработка ГИЗ, средства кои најверојатно сега ќе се искористат за заштита на Белчишкото Блато. Инаку станува збор за дел од Проектот за Биодиверзитет на езерата во Дримскиот Басен финансиски поддржан од германското друштво за соработка ГИЗ и имплементационо договорен со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Дали поради лоша комуникација помеѓу ресорното министерство и Локалната или неиспочитување на роковите овие средства во локалната не стигнале. Градоначалникот со став дека станува збор за површина која со години наназад требало да се заштити, бидејќи ситуацијата на терен сега зборува за локација која е своевидна депонија за градежен отпад.
„Во овој момент врши промена на ГУП во која и во новата промена на дел од таа локација е предвидена површина за изградба на блатото. Не за ревитализација, зошто за нешто да ревитализирате треба да постои. Јас реков дека ние сепак одредивме некоја површина каде што би постоело некое блато доколку е изводлив тој проект но дај боже да добие потврди од експерти дека изведлив тој зафат па ние ќе пристапиме кон изведување на тоа блато. Меѓутоа ќе ви кажам дека тие 88000 евра се наменети само за изработка на проект за ревитализација а не за изведбени работи“ потенцираше Бакрачески.
Градоначалникот беше повикан да даде отчет и за службените патувања кои тој во минатата и оваа година ги направил и колкав е бенефитот за општината од овие патувања. Бакрачески детално ги елаборираше направените трошоци и не ја пропушти можноста да направи споредба со трошоците направени од страна на поранешниот градоначалник, поголеми дури и за неколку пати. Потенцираше дека неколку службени патувања, тој сам ги финансирал.
На прашањето на советничката Жаклина Лазаревска за иднината на вработените во општинската администрација кои своите обврски ги извршуваат во општинската зграда во село Косел, градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека во наредниот период ќе се изврши анализа на ефектот од досегашното функционирање на одделението, па потоа ќе се одлучува што понатаму со неколкумината вработени.
Советниците побараа и одговор до каде се најавените проекти за изградба на базен, автобуска станица и современ пазар, за што ќе добијат информација во писмена форма.
{loadposition content9}