Танцувајќи младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата
Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата
Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.
Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници.
Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2013-2014, изработени се рекорни 210 мали проекти преку кои им е дирекно помогнато на 4055 лица.
Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, од пред три години е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.
Ова година во рамките на одбележувањето ма ПХВ неделата ќе се организира заедничко танцување, познато како flesh mob. За таа цел подготвена е кореографија на песната Happy (Среќен) од Фарел Вилијамс од страна на професионален танчер. Младите веќе неколку недели се подготвуваат во своите клубови во кои членуваат младите од различни етникуми кои преку овој настан се запознаават и се зближуваат.
Настанот во целата држава ќе се оддржи на 27 септември со почеток во 12 часот на плоштадите во секој град каде има канцеларија на Црвен крст. Младите од Oпштинскaтa организација на Црвен крст Охрид ќе тануваат на градскиот плоштад Св. Климент Охридски.
Преку танцувањето младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот.
{loadposition content9}