Skip to main content

Во срцето на стaриот дел од Охрид дотраен прозорец виси врз минувачите

Во срцето на стaриот дел од Охрид дотраен прозорец виси  врз минувачите.

 |  Валентина Неловска  | 
prozor
prozor

Руинирана куќа станува  опасност за минувачите. Во срцето на стариот дел од градот, на пресекот на улиците Самоилова и Илинденска,  безбедноста на минувачите ја загрозува дотраен прозорец кој виси над нивните глави. Жителите не сакаат да зборуваат пред камера, но  кажуваат  дека во куќата не живее никој , дека е ставена под заштита на државата. Стравуваат дека со доаѓањето на есента, под налетот на поројните дождови и силните ветрови,  само е прашање на време  кога дотраената и искршена дограма ќе почне да паѓа.  Додаваат дека странците кои секојдневно поминуваат на таа улица се чудат и фотографираат.

prozorДодека жителите  стравуваат за својата безбедност и за гостите кои престојуваат во нашиот град , од Завод и Музеј  кусо информираат дека  за оваа година проектите за реконструкција на објектите е завршена. Нови проекти за заштита на руинираните куќи ќе има дури за следната 2015 година. Директорот  на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска  напомена во нивната институција за овој објект досега не се обратил никој со предупредување  дека куќатат ја загрозува безбедноста на минувачите. На прашањето што ќе се случува во меѓувреме со овој објект директорката одговори дека за објектот треба да се грижат сопствениците, кои  во меѓувреме ја купиле куќата. Не даде конкретни информации  кои  законски механизми може да ги применат за сопствениците доколку тие не преземат ништо за санирање на објектот.   

куки

Од Локалната самоуправа   со сличен  одговор.

„ Општинските инспектори направиле увид , констатирале дека куќата е во лоша состојба но немаат точни податоци на адресите на сопствениците, знаат само дека не живеат  во Македонија. Постапката на инспекторите по записниците е донесување на решение за рушење. Ова решението не може да се достави затоа што нема адреси на сопствениците и општинските инспектори не може да реагираат“, напоменува портпаролот на ЛС,  Томе Џамтоски.  

Иако, варошани коментираат  дека вакви куќи во стариот дел на градот има во голем број, според евиденцијата на локалната самоуправа, општинските инспектори на терен не посочиле други проблематични  руинирани објекти.

{loadposition content9}