Најпознатата баба во Македонија, баба Рада, денес делеше совети на охриѓани
Баба Рада ја промовираше својата книга „Билките на баба Рада“. Книгата во себе содржи околу 250 лековити билки и начини на нивна примена.
Голем број охриѓани денес во еден здив ги слушаа зборовите и советите на најпознатата баба во Македонија, баба Рада. На нејзината несекојдневна промоција на прирачникот „Билките на баба Рада“ таа рече дека нема да зборува само за билките, туку и за вербата, надежта и љубовта. Целта на нејзината емисија која за кратко време стана навистина популарна и гледана вели дека е да се помогне на луѓето, да се влее надеж дека за се може да се најде лек.
„Да биде емисија која ќе го поткрене она заборавеното во нас, вие знаете дека нашите баби и прабаби, нашите дедовци и прадедовци, и нашите мајки и татковци така се лечеле, дека тоа е голема традиција кај нашиот народ. Нашиот народ така се лекувал, многу пати на вакви собири доаѓаат и лекари, еден број од нив нормално се и против, но ми велат дека на вистинскиот пат сме, дека не треба да се грижам за критиките и дека сите лекари своите деца ги лечат токму онака како што нас не лечеа нашите мајки. Медицината има огромни достигнувања, ние постојано сме на страната на напредокот, но да не ги заборавиме сите тие работи.“-рече баба Рада-автор и водител на емисијата „Билките на баба Рада“.
Баба Рада вели дека на планетата постојат огромен број на најразлични билки и дека секоја си има своја примена.
„Има 345.000 билки, а човекот употребува само 10 проценти. Тоа значи дека за секоја болест има билка, но ние треба да знаеме и почувствуваме нас што ни е убаво, јас можам да ви кажувам пијте шипинка, пијте глок, меѓутоа вие кога ќе се напиете ќе се најдете во една заедничка енергија со билката, вие ќе се почувствувате дека она што ви го препорачал некој е токму тоа вас што ви треба. Затоа вие слушајте си го срцето ваше, може нешто на 100 души да им помогне, на еден да не му помогне, но тоа не значи дека за него нема помош.“-вели баба Рада.
Инаку прирачникот „Билките на баба Рада“ е под капата на издавачкиот центар „Три“. Книгата во себе содржи над 250 рецепти презентирани на најгледаната македонска емисија посветена на билките и нивната лековита моќ „Билките на баба Рада“. На денешната промоција на нејзината книга, охриѓани освен што може да си го купат прирачникот, имаа и можност да прашуваат за совети од Баба Рада.
{loadposition content9}