Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко
Што најчесто ги прашуваат охриѓани своите избраници во градскиот совет? И советниците од власта и оние од опозицијата велат дека редовно се среќаваат со граѓаните и разговараат за нивните проблеми. За претставниците на власта, јавната администрација е секогаш достапна да одговори на прашањата на граѓаните, за опозиционерите пак Советот станува се понедостапен за граѓаните.
Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат. Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид. Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ.
„Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека секаогаш како советници имаме право да имаме увид во секој документ секој јавен службеник што работи да ни достави документ во секое време. Досега нема проблем секогаш кога се обраќаме до јавната администрација, секогаш ни излегуваат во пресрет и ни даваат одговор дали може или не да се заврши или не и каде е проблемот за да се реши работата“ – вели Арнаудовски.
Координаторот на советничката група проф Јован Стојаноски нагласи дека секојдневно остваруваат средби со граѓаните во нивните простории, како индивидуални со советниците, така и со членството на Извршниот Одбор на партијата. Тој е категоричен дека на многу прашања не добиваат одговор од надлежните.
„Најчесто проблемите за кои што се јавуваат се поврзани со секојдневниот живот, со улиците одредени комунални проблеми, проблеми во врска со градинката во Пештани, значи она што го тангира секојдневниот живот на нашите граѓани. Ние веќе подолго време го имаме тој впечаток со институцијата советнички прашања, дека е малку проблематичен заради тоа што едноставно се поставува прашањето и последниот збор го има градоначалникот, а многу често тоа мислам дека и вие го имавте впечаток вчера, дека се знае да се дивертира одговорот во оној правец во кој што му одговара на одговорачот“– изјави Стојаноски.
Советникот на ЛДП Дејан Блажески секоја втора сабота остварува средба со граѓаните. Негово мислење е дека луѓето се плашат да се среќаваат со нив во установи или во простории во кои има партиско обележување, но сепак потсетува дека граѓаните се тие кои го даваат и одземаат мандатот. Граѓаните кај Блажески најчесто со поплаки околу едношалтерскиот систем, посебно кога граѓаните треба да се појават во институциите во системот, наидувале на блиндирани врати, непристојно однесување на обезбедувањето, на луѓе кои не знаат каде им е местото.
„Нажалост имаме тука уште еден момент не само стравот да се обратиш кај опозициски советник во ова вакво живеење, тука се провлекува уште еден момент психологијата на луѓето. Веројатно огромна одговорност имаме ние како претставници на народот, имаме една испревртена реалност каде што граѓаните мислат дека ние сме ѕвездите а тие се споредните, место обратно, ние сме нивните претставници, па така да не ме зачудува кога многу мои колеги се ѕвезди и тешко достапни почнувајќи од целата таа хиерархија во општината за граѓаните кои што всушност се ем плаќачи во буџетот, ем луѓето заради кои ние сме таму“ – нагласува Блажески.
Ја поздравувам идејата што се отвараат прашања на вакви теми вели Љупчо Настоски независниот советник. Во Охридскиот Совет не одат работите како што треба бидејќи ние ги поставуваме прашањата на граѓаните и не секогаш го добиваме потребниот одговор, додава Настоски. Тој смета дека советниците во општина Охрид треба да имаат посебна просторија каде ќе ги остваруваат средбите со граѓаните.
„Секојдневно со граѓаните имам средби во мојата канцеларија, во чаршија. Можам слободно да кажам лично како Љупчо Настоски секој ден имам 50 до 100 повици телефонски повици од граѓаните. Најболната точка е вработувањето“ – кажува Настоски.
Непостои семејство кое до мене се нема обратено за проблемот со вработувањето на некој член и проблемите од урбанизмот вели независниот советник Павел Попоски.
„Ние како советници треба почесто да предлагаме до градоначалникот почесто да се слуша нашиот глас но за жал овие година и пол изминати цело време сме помеѓу два фронта каде што претежно влијание имаат политичките партии отколку идеите на граѓаните односно побарувањата и желбите кои што граѓаните ги чекаа со овие избори“ – додава Попоски.
Јоне Станкоски го поминува својот трет мандат во Охридскиот совет. Тој вели дека со новата власт досега ниту еднаш како советници од опозиција не биле повикани да присуствуваат на средбите со граѓаните, но и покрај тоа наоѓаат место начин за да ги оствари средба со охриѓани.
„Советот не функционира онака како што треба продолжува праксата да советникот биде подалеку од граѓанинот. Најжалосно е што до ден денес не функционира советничка канцеларија каде што граѓаните би можеле да побараат средба со советниците“ – категоричен Станкоски.
Ова се ставовите на охридските советници по трнливиот пат до информации од интерес на граѓаните, односно од оние од кои ја добиле довербата и кои им делегирале власт да одлучуваат во нивно име.