Skip to main content

Ќе има ли штрајк на матичните лекари?

Од денешните разговори на матичните лекари со министерот за здравство Никола Тодоров ќе зависи дали тие ќе останат на најавите за неколкучасовен прекин на издавањето на електронски упати и рецепти или во целост ќе го откажат штрајкот.

maticen
матичен

Никола ТодоровЛекарите на маса пред Тодоров се очекува да изнесат цел список барања за подобри услови и повисоки плати во примарното здравство.
Тие бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот (капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.

Велат дека исплатата на К-15 што им се стави како законска обврска, а дополнително ја оптоварува финансиската состојба на ординациите. Зголемени трошоци имале и за други инвестиции поврзани со реформите во здравството.

Заради овие причини матичните лекари најпрвин закажаа штрајк за в петок, но по најавата дека Тодоров ќе ги прими на средба решија конечната одлука да ја стават во мирување.

{loadposition content9}