Skip to main content

Локалната самоуправа исправена пред избор од две зла помалото

Локалната самоуправа исправена пред избор од две зла помалото. 

 |  Валентина Неловска  | 
proakva
проаква

 

Општина Охрид  бара начин како да ги подобри условите за давање под концесија на Проаква кои претходната локална власт ги прецизирала во пред договорот со шпанскиот конзорциум Аквалија. Ова денес го потврди охридскиот градоначалник кој пред два дена на седница на Совет  како одговор  на советничко прашање ги обелодени, како што кажа штетните услови од пред договорот, со кој  ќе бидат оштетни локланата самоуправа,  охриѓани, стужани и   јавните претпријатија .  Во пред договорот 4 точки се крајно  штетни, напоменува Бакрачески.

прокаваВо делот на правата на Аквалија  стои дека концесијта се дава на 30 години,  зголемувањето на цената на водата за 40 проценти, Аквалија да  преземе  мал дел од вработените, новоформираното претпријатие од Аквалија да има монопол во наплата на вода,  каналзиација , одведување и пречистиување на  отпадните води, а долговите да останат на Проаква и Нискоградба. Година и пол  локланата самоуправа  го пролонгира потпишувањето за издавање на концесија со оглед на неполволните услови од преддоговоорт, кажува Бакрачески. Ние сме крајно претпазливи во донесување на конечната одлука, вели Градоначалникот.
проаква
„ Тој договор не  е потпишан, но во овој момент ние анализирме дали поништувањето на целокупната постапка, не на договорот,  ќе значи казнени пенали за Охрид  и финасиски импликаци. Доколу ние во рамките на Законот за тендерска постапка за концесионерство и јавни набавки постои  некоја можност да се испреговараат подобри услови за граѓаните на Охрид и за субдината на 2-те претпријатија, кои би останале без приходи и за кои би следувал стечај. “

Постапката за издавање под концесија  на Проаква  започнала во 2011 година. По завршување на тендерската  постапка шпанска Аквалија била избрана за најповолен понудувач и  со овој конзорциум  бил изготвен пред договорот . Од тогаш започнале да течат законските рокови. Во 2013 година договорт требало да биде потпишан но тоа било стопирано од Антикорупциската  комисија поради  совпаѓањето  на  тајмингот со Локалните избори. 

{loadposition content9}