Skip to main content

„On-line“ Инспекциски надзор за заштита на личните податоци

Од денеска до 26 септември за вработените во  Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“.

logo
Лого

Од денеска до 26 септември за вработените во  Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“.

пасвордЦелта е изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правен основ за спроведување на он-лајн инспекции.  Ваква алатка досега е применета во Финска и Франција,  со што се обезбедени услови за спорведување на 200 он-лајн инспекции во 2014 година.

– Експертската мисија треба да понуди и размена на искуства и практични примери на употреба на оваа алатка од страна на експертот од Финска  Арно Реијо, омбудсманот за заштита на личните податоци на Финска. Користењето на оваа алатка следствено се очекува да ги надгради капацитетите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, да даде приказ на клучната улога на Дирекцијата при селекција на контролори над кои ќе се врши надзорот за неусогласеноста кон исполнување на обврските за заштита на поединецот при обработка на податоците. Истовремено, позитивната пракса од Финска треба да посочи и пример за тоа кои се институции од РМ треба да бидат вклучени во воспоставување процедура за вршење на он-лајн надзор, соопшти Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Правото на заштита на личните податоци и правото на приватност е гарантирано и со Уставот на Република Македонија во член 25.

{loadposition content9}