Се запали штала во атарот на село Оровник
Пожарот се случил денес околу пладне, а како што информираат од територијалната противпожарна единица од Охрид, до истиот дошло како последица на запалени стрништа кои се наоѓале во близина на шталата.
Се запали штала во атарот на село Оровник.
Пожарот се случил денес околу пладне. Под влијание на ветерот, од стрништата биле зафатени нискостеблести растенија-капини израснати околу самата штала, а поради променливоста на правецот на ветерот од истиот била зафатена и кровната конструкција на шталата. Поради превентива имајќи го предвид присутниот ветар, територијалната противпожарна единица на лице место испратила две противпожарни возила, но кога пристигнале на локацијата пожарот лесно го ставиле под контрола. Според информациите кои ги добивме причинета е само незначителна материјална штета. Од противпожарната единица предупредуваат дека опасноста од пожари во овој период е зголемена поради присутноста на ветар, но и поради подготвувањето на земјоделските површини за есенско орање при што голем број сопственици ги палат стрништата. Од противпожарната единица потсетуваат дека палењето на стрништа е дело казниво со закон и истото е забрането.
{loadposition content9}