Skip to main content

Пациентите може да здивнат охридската болница вработи радиолог

 Пациентите може да здивнат охридската болница вработи радиолог.

 |  Валентина Неловска  | 
радиологија
радиологија

 

Охридската општа болница од утре вработува радиолог. Болницата подолго време се соочува со недостаток од радиолози, но и од други специјалисти. На ова оддление е ангажирана само една докторка која работи на томографот. Минатата недела настанал проблем со кој  најзасегнати беа пациентите.  За да се надмине проблемот болницата досега ангажираше лекари од струшката болница,  доаѓаа по 14 часот за да ги читаат рендген снимките и покриваа приправност, напоменува д-р Љубен Арнаудов директор на болницата.
радиологија
„ Последната недела настана вакум, договорот престана, а  пациентите почуствуваа колку е непријатно да се шетаат по другите болници и сами да бараат радиолози. Но,  во меѓувреме имавме преговори со една докторка која специјализираше пред неколку месеци,  со неа потпишавме договор и таа  од утре,  први октомври, почнува со работа на одделот “, напоменува директорот на општа болница, д-р Љубен Арнаудов.

Во моментов на специјализација се наоѓаат тројца доктори па се очекува на ова одделение проблемот да се надмине за две години. Болницата се соочува со недостиг на кадар  и од други специјалисти. Недостасуваат специјалисти на одделот за анестезија и реанимација, гинекологија, интерното одделение и на невропсихијатрија, вели д-р Арнаудов.

 

болница„ По основ на конкурси во изминативе години имаме примено  млади лекари. На дел од нив им доделивме специјализации, така  2-ца има на гинекологија, 2 -ца на анестезиологија, еден на  интерно, а  наскоро очекуваме  да се надмине  проблемот и  на невропсихијатрија,“ укажува д-р Арнаудов.

Во последните шест години болницата по разни основи ја напуштиле над педесеттина специјалисти.
Во 2007 година болницата имала 102 специјалисти, а во моментов  има 71. Раководството на болницата посветено ќе работи во престојниот период за надминување на проблемот со  специјалистички кадар затоа што општа болница има современи медицински апарати,  напоменува  директорот Арнаудов.

{loadposition content9}