Дислоцирано одделението за поддршка на Совет
Дислоцирано одделението за поддршка на Совет. Наместо во општинскиот објект, од неодамна истото функционира во зградата над Црвениот крст, Охрид, односно во поранешните простории на Секторот за комунални дејности. Советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски смета дека со ваквата одлука работата на советниците е отежната. Додека пак претседателот на Советот Гордана Коњаноска, смета дека просторната дистанца од 100 метри не е причина за отежната работа на советниците.
Опаѓа квалитетот на функционирањето на Советот на општина Охрид, реагира советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски. Тој нагласува дека не треба да се заборави дека Советот е нормативен орган и согласно Законот за Локалната Самоуправа, тој е највисоко тело во една општина. Станкоски посебно е револтиран од дислокацијата на одделението за поддршка на Советот.
„Последно нешто кое што се случи кое што уште повеќе значи деградирање на институцијата Совет, Советничките канцеларии односно одделението за поддршка на Совет кое што беше сместено веднаш до големата сала за седници е префрлено во зградата на Црвен Крст, канцеларијата на претседателот на Совет исто така е префрлена таму, што значи дека многу повеќе оддалечена од зградата на општина Охрид каде што граѓаните вообичаено се навикнати да одат да ја посетат, значи Советот на овој начин е уште поодалечен од граѓаните и нормално е отежната работата на советниците“ – вели Станкоски.
Наспроти ваквиот став на советникот Станкоски, претседателот на Советот Гордана Коњаноска, со спротивен став. Таа не гледа никаква пречка, дислокацијата на одделението за поддршка на Советот да претставува некаков проблем за функционирањето на Советот.
„Мислам дека е повеќе кревање прашина без потреба, наметнување на темата дислокацијата на просторот како нешто што реално ќе се одрази на работата на советниците и на одделението за поддршка на Советот. „Јас не гледам никаква причина со таа дислокација на било кој начин да се отежне или да се намали функционалноста на работење на одделението за поддршка на Советот, особено не на советниците кои што таму имаат простор кој што на некој начин е подостапен на граѓаните заради тоа што не постојат тие ограничувања кои што овде ги има Локалната самоуправа во однос на движење низ просторот на ЛС од друга стрна таа е просторија која што е навистина наменета за советниците и за мене како претседател на Советот“.
Коњаноска нагласува дека просторијата која што досега се користеше како канцеларија на одделението за поддршка на Советот била повеќе наменска, тука се одржувале и комисии и други состаноци за потребите на Локалната Самоупрва. Просторната дистанца од 100 метри според Коњаноска, не е причина Советот и одделението за поддршка на Советот отежнато да работи.
{loadposition content9}