Skip to main content

Четири луксузни хотели ќе се градaт на охридското крајбрежје

Четири луксузни хотели ќе се градaт на охридското крајбрежје.

 |  Валентина Неловска  | 
ohridsko ezero
ohridsko ezero

На просторот кај детската специјална болница, која е претворена во руина,  ќе се гради луксузен хотел. На оваа тема деновиве  се водени разговори помеѓу потенцијални инвеститори и локалната самоуправа, Министерството за странски инвестиции и  Министерството за транспорт и врски , информира охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.


болница
„ Заинтересираните за купување на тоа земјиште се со цел изградба на луксузен хотелски коплекс. Од тие причини според пројавениот интерес на потенцијалните инвеститори, Министерството за транспорт и врски, веќе подготвува  тендерска документација за продажба на тоа земјиште. Намената ќе биде изградба  на објекти за туризам, а препоставуваме дека ќе се  работи за изградба на хотелски комплекси од висока класа, онакви какви што Охрид има потреба и заслужува  градба од такви хотели,“ вели градоначалникот.  

Градоначалникот очекува  процедурата брзо да заврши  и наскоро да се објави тендер. За оваа локација биле заинтересирани инвеститори од Русија, Украина и Катар.

hotel

„ Сите три страни досега остварија неколку контакти со Локалната самоуправа зедоа податоци за земјиштето, она што нив им е потребно за да направат финансиска конструкција,  што понатака доколку би го купиле и би биле најповолни понудувачи за да инвестираат на тоа земјиште“, кажа Бакрачески.

Покрај  на оваа локација  луксузни хотели предвидено е да се градат на уште три други атрактивни локации на охридското крајбрежје. Два ќе се градат во близина кај бараките на Трудбеник, додека за четвртиот од групацијата Small Luxory Hotels се започнати градежните подготовки  на јужната страна од ридчето кај Инекс Горица.

 

{loadposition content9}