Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ
Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ.
Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески со експресен одговор на прес конференцијата нас СДСМ. Спасески се пофали со успешното разделување на економското училиште од гимназијата. Рече дека СДСМ нема право да каже ни збор бидејќи со години се обидувале да го реализираат овој проект како и бројни други проекти кои не вродиле со успех.
„ Новата власт успеа да го создаде новото Средно стручно економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Избрани се органи и потребен персонал и настават тче. За останатите позиции рече дека низ една законска постапка ќе бидат пополнети со адекватни кадри о дкои се чек асогчаснот од Министерството за финансии и Министерството за образование.“
Спасески во своето обраќање ги потсетува СДСМ дека долговите во образованието по разни основи во моментот кога ги наследиле изнесувале 77 милиони 371 илјада денар. Сега со големи напори, штедења и откажување од многу нешта, новата власт ги враќа долговите кои беа единствено дело на СДСМ во образованието, рече Спасески.СДСМ ни оставија над 54 милиони евра долгови по разни основи, ние успеавме д авратиме 4 милиони ,а да не напарвиме задолжување ни со едно евро, кажа Спаески. Потсети на сите зафати кои ги презеле во училиштата, на исплата на заостанати долгови кои ги оставиле претходните раководни кадри од СДСМ.
„Веднаш почнавме д се справувае со долговите затоа што образованиеото е во нашиот фокус на работење. Градоначалникто Бакрачески до обарзовните инситуции трансферирал сума поголем од 28 милиони денари за сертвисирање на секоја потреба. Дополнително се реконструирале ОУ Живко Чинго, Кочо Рацин, променета е дограмата во Братство Единство, санирани се санитарните јазли во детските градинки и заменета е дограма во три објекти на градинките. “
Спасески не даде конкретен одговор на прашањето колку пари должат општинските училишта по основ на тужби. Кажа само дека тој долг постојано се менува, бидејќи колку средства и да се исплаќаат од старите долгови стигнуваат нови судски пресуди и дека сумата постојано е променлива. Наведе два примери наследени долгови за училиштето Григор Прличев по основа на тужби од тројца граѓани за нерешени имотно правни односи кои изненадуваат со камата над 12 милиони денари. По основ на договор на дело им долг од 3.156.000 денари кон 62-ца граѓани кои доаѓале на работа, а кои буџетски не биле планирани, а тие работат тие долгови да бидат исплатени.
{loadposition content9}