Skip to main content

Деветнаесет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.

avetomobil
автомобил

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.

Киро ГлигоровНа местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, инаку случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодира кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа.

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров (1917-2012), стапи на функција на 73 години, зад себе имаше 50 години поминати во Белград на најодговорни функции во поранешната СФРЈ. Почина пред 2 години од природна смрт.

{loadposition content9}