„Ѕвезденото небо на Тоше“ по седми пат
За да не се заборави последната средба и најубавата насмевка. За да не престане да живее во музиката, во песните и во очите кои едвај го чекаа.
За да не се заборави последната средба и најубавата насмевка. За да не престане да живее во музиката, во песните и во очите кои едвај го чекаа.
Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, в недела по седми пат ќе се одржи во Скопје. Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години. Годинава настанот ќе се одржи на плоштадот „Κаρпошово Востание” (пρед Музејот на холоκаустот) од 19:30 до 22:00 часот.
Музичкиот хепенинг е по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје. Целта, е велат, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.
Во рамките на одбележувањето на овој датум, в недела во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?“
{loadposition content9}