Skip to main content

Македонија – Данска 24:32

На Светското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска, во последниот натпревар од второто коло во групата М2 во Задар, Македонија вечерва загуби од Данска со 24:32.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kire Lazarov
Кире Лазаров
На Светското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска, во последниот натпревар од второто коло во групата М2 во Задар, Македонија вечерва загуби од Данска со 24:32.
Првото полувреме заврши со минимално водство на данската репрезентација, 13:12.

rakometariВо текот на вториот дел од мечот, Македонија само еднаш поведе со еден гол, а во остантиот дел предноста беше на страна на данскиот тим.
Според табелата, прва е Данска со шест бодови, Германија е втора со пет, следуваат Полска и Норвешка со по четири бодови, три има Србија, а Македонија е последна со два бода.
Во спортската сала во Задар натпреварот го следеа 4.000 гледачи од кои 3.000 беа македонски навивачи.
Денешниот ден на првенството е слободен. Македонската репрезентација во вторник ќе го одигра последниот натпревар од групата против Србија.

 

{loadposition content9}