Сега кој е крив
На раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ после долгогодишни залагања пред извесно време беа поставени семафори, но не за долго. Тие не функционираат поради несовесни ученици или граѓани. Од училиштето и од Локалната ќе опревземат мерки да ги едуцираат учениците како да ги користат софистицираните семафори кои функционираат на допир, а апелираат до граѓаните да бидат одговорни кон оваа вертикална сигнализација.
Радоста кратко траеше . Семафорите на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ кои на почетокот на учебната година беа поставени после многугодишни барања од страна на родителите и училиштето, оштетени. Овие софистицирани сообраќајни помагала кои работеа на допир не се знае дали се уништени намерно или од незнаење, вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
Оштетувањето на семафорите не е точно утврдено дали е од учениците или од некои други лица. Потребно е да се направи едукација за користењето на таа светлосна сигнализација. Ние на класните часови имавме едно такво предавање кај сите ученици, но треба да се воведе и практична едукација на лице место, вели Симоновски
Од Локалната се информирани за овој проблем и ветуваат дека ќе помогнат во решавањето на истиот.
Ние стапивме во контакт со директорот на ОУ „Христо Узунов“ и решивме наши стручни лица од Одделението за улици и патишта да отидат во училиштето и да одржат една вежба пред учениците како би им покажале како да го користат системот за вклучување на семафорите кој е многу софистициран бидејќи работи на допир. Посебно вакви предавања ќе им се одржат на децата од пониските одделенија, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.
Покрај предавањата кои ќе им се одржат на учениците директорот на училиштето кој не е сигурен дали децата се виновни за оштетувањето на семмафорите планира да побара од СВР Охрид некое време да ангажираат лице кое ќе патролира токму на овој терен и ќе води грижа како функционира вертикалната сигнализација. Инаку, Симоновски е задоволен од безбедноста на премините кои водат до училиштето . Тој објаснува дека и на двата и од „Питу Гули“ и од „Марко Нестороски“ поставени се сопирачи на брзината и посебни браници така што учениците се безбедни при нивниото преминување.
{loadposition content9}