Skip to main content

Во Охрид одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил

Во Охрид  одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил.

 |  Валентина Неловска  | 
Самоил
Самоил

Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар  Самоил основоположникот на македонското средновековно  царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како штсамоило се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече Бакрачески.

„ Денес е ден со кој охриѓани и граѓаните  на Македонија треба да се гордеат и да не потсетуваат на средновековното минато и денот кој потсетува на нашите корени. Мудреците рекле не може да се гради иднина доколку не се познава своето  минато.“

Покрај историскиот час за значењето на Цар Самоил, беше присутна и филмската екипа која ќе подготвува филм на оваа тема. Режисер на филмот е Антонио Митриќески , а продуцент е Дејан Милошески. Митриќески најавува дека подготовките се започнати, а ќе играат голем број македонски актери. Во филмот ќе навлеземе  во неговиот приватен живот и на членовите од неговото семејство, ќерките и синовите, открива Митриќески.
samiol
„ Филмот ќе биде главна драма меѓу два цареви, Василиј II , еден од најјаките византиски василиевци и царот Самиол кој се бори против него и го формира првото македонско царство. Цар Самоил  имал фамилија со кој имал многу проблеми, предавства, дворски интриги кои ќе бидат опфатени во филмот. Василиј II  немал семејство и бил оддаден на правење на визaнтиската држава во тоа време. Во филмот за Цар Самиол  ќе бидат опфатени сите внатрешните игри и конфликти“, кажа Митриќески.  

Режисерот Митриќески најавува дека сцени од филмот ќе бидат  снимени на Самоиловата тврдина, на планината Галичица и околината на Охридското и Преспанското езеро. Филмот ќе биде снимен во соработка со неколку странски филмски копродукции.

{loadposition content9}