Skip to main content

Подводното дишење би можело да стане реалност

Со помош на овој изум ќе може да се дише под вода

 |  инфодеск  | 

Група научници од универзитетот во Данска развиле кристални материи кои можат да се поврзат и да складираат висока концентрација на кислород.

“Неколку зрна содржат доволно кислород за еден здив, а бидејќи материјалот може да апсорбира кислород од водата и да го снабдува нуркачот, така што тој не ќе мора да носи со себе повеќе од неколку зрна”, објаснила професорката Christine McKenzie, пишува mic.com

“Кога супстанцијата е заситена со кислород, може да се спореди со боца кислород под притисок – разликата е во тоа што овој материјал може да содржи три пати повеќе кислород”, стои во соопштението.

Екипата која стои зад развојот на кристалите, ги споредува со сунѓер кој може да апсорбира и задржува воздух, а не само да реагира на него.

Очигледната примена на овој изум би била за користење под вода, односно за подводно дишење. McKenzie истакнала дека боците со кислород понекогаш би можеле да донесат разорни последици за нуркачите. Имено, треба да се земе во предвид промената на притисокот под вода и фактот дека повеќето време не се вдишува чист кислород туку мешавина на кислород со други гасови.

Сепак, самиот факт дека оваа технологија постои, отвара можности за понатамошно истражување и би можела да доведе до тоа да нуркањето стане многу полесно.

{loadposition content9}