Skip to main content

Објавен конкурс за уредување на 5 плажи на охридското крајбрежје

Објавен конкурс за уредување на 5 плажи на охридското крајбрежје.

 |  Валентина Неловска  | 
plazi
plazi

5 плажи на охридското крајбрежје ќе добијат современ лик. Градоначалникот Никола Бакрачески неодамна го најави уредувањето на овие плажи. За  локациите со должина од 1560 метри Министерството  за транспорт и врски објави конкурс. Идејни решенија се бараат за уредување на плажите на локациите „Студенчишко блато“, во должина од 700 метри,  „Љубаништа“  500 метри, плажите кај „Лагадин“,  „Далјан“ и „Извиднички камп“  сите со должина од по 120 метри.  
plazi
Најдобрите решенија ќе бидат избирани по пат на јавна анкета на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Од таму очекуваат во понудените решенија кандидатите строго да водат сметка  за заштита на природната средина и автентичноста на секој од  регионите.

Ресорното Министерство бара,  на плажите да има планирана песочна површина  со соодветен автохтон песок. Потоа, да се почитува постојното зеленило и да се надополни со автохтони видови.Плажите хортикултурно и партерно да се уредат со клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Објектите кои ќе се планираат треба да содржат сервисен  пункт со шанк, кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

плажаПросторот за капење  да биде обележан со бови заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување.  Да се предвидат места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава и престој.
Елементи по кои ќе се оценуваат и рангираат доставените идејни решенија се оригиналност и иновативност, изводливост, пристапност до и во локацијата за лицата со посебни потреби, вид и квалитет на понудените материјали и нивна трајност, и читливост на идејата на проектот.
Заинтересираните, идејните решенија за плажите  ќе можат да ги доставуваат до ресорното министерство најдоцна до  7 ноември.

{loadposition content9}