И покрај засилените воздушни напади над Исламската држава во Ирак и Сирија, џихадистите и понатаму продолжуваат со освојувањата. Единствен отпор на џихадистите им пружаат Курдите, кои Вашингтон никако да ги признае како сојузници и да ги вклучи во операциите против Исламската држава.
IS е најмоќна воена сила во Ирак и Сирија а нивната исламистичка конкуренција е значително ослабена во последните неколку месеци. Од друга страна, Вашингтон своите надежи ги полага во вооружување на помали и не толку моќни групи кои припаѓаат на Слободната сиријска војска а САД најавиле програма за обука на 5.000 востаници во Јордан и Саудиска Арабија.
Но, фрлањето на пари во проектот Слободна сиријска војска нема да ја порази IS, пишува CNN. Тие се борат, најчесто, за материјална добивка и за социјален статус. Во борбите нивните сили често се распаѓаат на терен и не делуваат како тим.
Единствено подрачје под контрола на востаниците, кои имаат било каков облик на ред, е она што го контролираат Курдите, односно Курдската демократска партија (PYD). Курдите го контролираат градот Камиш на северот од Сирија, а за разлика од Алеп, економијата во тој град е стабилна и жителите не сечат дрва за да осигураат огрев, и за разлика од градот Рака, секуларните Курди не ги протераа христијаните од Камиш, туку ги заштитија.
Сепак најголемата предност на Курдите е нивната воља за борба против IS. PYD, борбата против џихадистите ја стави на врвот на својата листа на приоритети. Тоа е всушност борба за опстанок, бидејќи Курдите немаат каде да одат ниту да избегаат.
Но, и покрај тоа што нивните приоритети се совпаѓаат со американските, Вашингтон одбива соработка со нив, бидејќи PYD е поврзан со турските курди, односно со работничката партија на Курдистан, која Стејт Департментот ја прогласи за терористичка уште во 1997 година.
Во земјата каде САД едвај имааат сојузници, соработката со Курдите би можела Вашингтон да го приближат до целта – уништување на IS и нивната вештачка творевина наречена Исламска држава.
{loadposition content9}