Почитување на примирјето во Газа
Палестинското исламистичко движење Хамас засега планира да го почитува примирјето со Израел, но е подготвено да ги обнови борбените дејствија ако не биде симната блокадата на појасот Газа, изјави во интервју за јапонскиот весник „Асахи“ заменик претседателот на Политбирото на Хамас Муса Абу Марзук.
| Крсте Голабовски | Свет
Газа

„Наша делегација во моментов се наоѓа во Каиро и води преговори за продолжување на примирјето. Ние настојуваме за се повлечат сите израелски контролни пунктови околу појасот Газа“, изјави Марзук.
„Подготвени сме да ги обновиме борбените дејствија доколку блокадата не биде повлечена“, изјави лидерот на Хамас.
Израел како услов за симнување на блокадата го постави прекинувањето на испораките со оружје за Газа, потсетува агенцијата.
„Но луѓето кои се наоѓаат под окупација, треба да имаат оружје, за да се спротивстават“, подвлече Марзук во врска со овој услов.
Тој, исто така, потврди дека исламистичкото движење нема да дозволи меѓународни набљудувачи во појасот Газа, кои ќе го следат прекинот на испораките за оружје на оваа територија.

{loadposition content9}