Промовиран англискиот албум „Тhe Hardest Thing“ на Тоше Проески
„Тој ги имаше сите квалитети да стане голема светска ѕвезда. Жал ми е што вечерва не е тука да го промовира своето дело“.
Tose Proeski
„Тој ги имаше сите квалитети да стане голема светска ѕвезда. Жал ми е што вечерва не е тука да го промовира своето дело“
„Тој ги имаше сите квалитети да стане голема светска ѕвезда. Жал ми е што вечерва не е тука да го промовира своето дело“, изјави Енди Рајт, познатиот британски продуцент кој го работеше албумот „The Hardest Thing“ на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, што синоќа беше промовиран по повод неговиот 28-ми роденден.
Во Домот на АРМ синоќа беше прикажана и претпремиерата на документарниот филм „Чекор до светска слава, Тоше – THE HARDEST THING“, кој во кино салите ќе почне да се прикажува од 12 февруари.
Филмот е приказна за момчето кое благодарение на својот глас и харизма стигна до ѕвездите. Прикажано е како се создадени песните на последниот албум на Тоше, кои се снимени во Англија и на Јамајка.
На промоцијата присуствуваше и режисерот на документарниот филм Боштјан Слатеншек, кој изрази огромно задоволство што работел на филм за музичар како Тоше, додавајќи дека е пресреќен што запознал еден „одличен човек и голем уметник“ како него.
Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која беше поздравена со долг и громогласен аплауз, не можејќи да ја сокрие големата возбуда, низ солзи додаде дека „Тоше за неа бил воздухот што го диши“.
Албумот „The Hardest Thing, на кој се наоѓаат 10 песни со светски звук, засега е издаден во 10.000 примероци, а издавач е продуцентската куќа „Аворд“. Од денеска тој е пуштен во продажба, а наскоро е најавена негова промоција и во сите земји на поранешна Југославија.
На синоќешната промоција, освен многубројните обожаватели на Тоше и членови на неговото семејство, присуствуваа и голем број музички ѕвезди и личности од јавниот и политичкиот живот во и надвор од Македонија.

{loadposition content9}