Реакција од ОО НА СДСМ
Од ОО НА СДСМ реагираат на постапката на Градоначалникот и дел од присутните на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври
ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажа дека не ја почитува антифашистичката борба, борците од НОБ и државниот празник 11 Октомври.
На свечената седница во Советот на општина Охрид, по повод државниот празник, градоначалникот Никола Бакрачевски не ги поздрави присутните борци од НОБ и ја напушти седницата за време на обраќањето на претседателот на Здружението на борците. Седницата ја напуштија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Сашо Василески. Ова е показател за игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон оние коишто се бореа за Македонија и кон оние кои ги дадоа животите за нејзината слобода.
ВМРО-ДПМНЕ го омаловажува придонесот на борците од НОБ за Македонија и не ја почитува историјата на македонскиот народ. Бараме градоначалникот Бакрачевски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на борците од НОБ и на граѓаните на Охрид.
{loadposition content9}