Порибено Охридскот Езеро од албанска страна
Заврши порибувањето со пастрмка на Охридското Езеро за 2014 година. Тоа деновиве се случи во Лин, соседна Албанија. На порибувањето присуствуваа директорите на инспекторатите од Република Македонија и Албанија. Нивниот став е дека без заедничка усогласеност на законските регулативи нема да може да се постигне добра заштита на рибниот фонд во езерото.
Заеднички Закон за заштита на Охридското Езеро предлага заменик министерот за земјоделство од Република Албанија, Албан Зуши. Деновиве во Лин Албанија се изврши последното порибување на Охридското Езеро со подмладок на пастрмка за годинава.
„Мрестењето на пастрмката е од големо значење за природното богатство на нашето езеро, има една голема оправдана економска вредност и ја гарантира иднината за овој вид за наредните генерации. Ние дискутиравме со македонската страна дека заштитата и менаџирањето на ова езеро мора да биде заедничко и не може да се менаџира само од една страна. Менаџирањето би го опфатило порибувањето на езерото количините со кои се порибува, квалитетниот помладок, така и менаџирањето околку заштитата, изедначувањето на периодите на забрана за лов. Тоа би се изедначило после една заедничка средба на експерти од двете страни“ – нагласи Зуши.
На порибувањето во Лин присуствуваа и наши претставници од Државниот инспекторат за земјоделство предводени од директорот Д-р Румен Стаменов. Албанската и македонската страна имаат сериозен пристап кон заштитата на Охридскот Езеро, тоа го потврдува нашето присуство тука во Лин, истакна Стаменов.
„Ние работиме на усогласување на концептите за заштита на биодиверзитетот и биоценозата на Охридското Езеро а пред се на охридската пастрмка. 8 Ние се трудиме да криволовот го сведеме на минимални граници затоа што колку и да порибуваме ако не ставиме сериозни мерки на рибокрадството тешко дека ќе можеме да успееме во сочувувањето на рибниот фонд во езерото. Во Македонија ние имаме концепт кај што самиот концесионер во езерото има обврска да формира рибочуварска служба и е формирана со голем број на стручно оспособени лица“ – изјави директорот на инспекторатот.
Стаменов нагласи дека покрај концесионерот, за заштита на рибата во езерото се грижи и инспекторатот за земјоделие кој за тоа има посебно одделение, како и граничната полиција, односно МВР. Подмладокот од охридска пастрмка со кој беше порибено езерото е добиен од вештачкиот мрест во 2014 год изведуван од рибарите на Албанската страна од езерото, кој финансиски е поддржан од Владата на Република Албанија. Порибувањето е извршено со 560.000 илјади парчиња на охридска пастрмка на возраст од 7 месеци.
{loadposition content9}