Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник
Во Понеделник, 13ти октомври, во Корча, Република Албанија ќе се одржи Инаугурацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.
![biosferen rezervat](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2014%2F10%2Fohrid_2014_oktomvri_biosferen-rezervat_thumb.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=24390833)
Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот.
Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО. Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста. Инаку паралелно со настанот на главната улица во Корча ќе се одвива презентација на производи од Биосферниот резерват а штандови ќе имаат и Националните Паркови од Македонија, производители на земјоделски производи и производители на вино , како поддршка на туристичката промоција и значење на Биосферниот резерват.
{loadposition content9}