И Охридската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на свечената седница по повод 11ти Октомври
Од таму велат дека оправдувањето на обраќањето на претседателот на Сојузот на борци, кое според ДПМНЕ е партизирано, покажува дека СДСМ е незрел политички субјект.
Од ДПМНЕ со обвинувања дека СДСМ го злоуптребува големиот државен празник за добивање ситни политички поени, а притоа ги навредува сите учесници на свеченоста посветена на празникот. Од охридската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата прашуваат дали обраќањето на претседателот на Сојузот на борци е синхронизиран настап помеѓу СДСМ и него. Според ДПМНЕ, овој говор бил потврда за контролата на СДСМ над институциите каде има сопствени кадри. Дополнително, во реакцијата стои дека според ВМРО-ДПМНЕ, нивните политички опоненти од СДСМ треба јавно да се извинат бидејќи според нив, социјалдемократите ставиле политички белег на 11ти Октомври.
{loadposition content9}