Невработеноста на младите луѓе акутен проблем во регионов
УНАСМ ќе се ангажира да привлече дел од средствата на ЕУ наменети за едукативни програми за младите, во висина од 6 милијарди евра. Но од таму очекуваат поддршка од Владата, односно повеќе да се заинетересира за борбата против невработеноста кај младите луѓе.
Регионален семинар на тема „Да зборуваме за младата генерација, можни решенија и стратегија за тоа како да се справиме со невработеноста на младите во регионот и во земјите од ЕУ“, одржа УНАСМ во Охрид. Дивна Змејкоска нагласи дека Унијата ќе даде се од себе со нивната стручност и експертиза и во соработка со другите сродни организации од регионот да го унапредат овој процес .
„Целта на семинарот е размена на искуства и информации на државите од регионот и државите членки на ЕУ. Сето ова сакаме да придонесеме да го имплементираме во соодветните држави бидејќи состојбата е секаде иста и ќе се обидеме да го направиме, тоа заради сите оние напори кои што ги прави државата значи се даваат пари се даваат субвенции меѓутоа навистина ние како еден од социјалните партнери во државата немаме информација колку се тие успешни“ – нагласува Змејкоска.
Претседателот на УНАСМ, Слободан Антовски истакна дека вработувањето на младите луѓе претставува акутен проблем не само кај нас, туку и во Европа. Додаде дека очекуваат Владата повеќе да се заинтересира за оваа проблематика и присуство на претставници од ресорното министерство на ваквите според него корисни семинари.
„Ова се веќе обиди преку програмите што ги имаме ние како УНАСМ и од Европскиот центар за работнички прашања да на некој начин успееме да дојдеме до младите да им и пренесат едукативните програми веќе се дадени средства од ЕУ 6 милјарди евра за едукација на младите кадри од Европа. Претпоставувам дека со поголем ангажман и ние можеме да земеме од тие средства за едукациаја на младите, меѓуто очигледно дека Владата нема некој голем интерес кога се случуваат вакви работи“ – вели Антовски.
Ноберт Клајн, експерт на Европскиот центар за работнички прашања ЕЗА, потенцира дека прашањето за борбата против невработеноста е прашање кое што е особено важно на ниво на ЕУ. Додаде дека приоритет и акцент треба да се даде на стручното образование и подготовка, синдикатите и синдикалните организации.
„ Синдикатите можат да дадат огромен придонес во поглед на борба против невработеноста кај младите луѓе и ова не е само важно за имање социјална сигурност помеѓу лицата кои што се засегнати од овој проблем односно младите луѓе, туку исто така ова дава придонес и за целокупниот развој на општеството. Синдикатите и тоа како можат да дадат свој придонес и во поглед на разрешувањето на овие прашања и тие мораат да инсистираат да се дојде во ситуација во која што секоја млада девојка или момче би можело да најде работа на пазарот на трудот или би можело да е вклучено во одредена обука или стручно образование“ – изјави Клајн.
Од сојузот на синдикати од Црна Гора велат дека проблемот на невработени млади, посебно високообразовните кадри бележи негативен пораст во однос со државите од ЕУ. Радомир Милиќ смета дека синдикатот има значајно учество во вработувањето на младите и тие веќе презеле конкретни чекори.
„За високообразовниот кадар државата треба да се обврзе со средства од субвенции и да овозможи на тие луѓе да го одработат припрпавничкиот стаж и да се стекнат со знаење за некои идни претприемачки активности или вработување. Државата исто така даде одредени субвенции при вработување на младата популација на возраст до 25 години, така работодавачите ги ослободи од данок и допринос на товар на државата кои изнесуваат 67% и на тој начин ја зголеми вработеноста на тој дел од популацијата за 15-17%“ вели Милиќ.
Општ впечаток на претставниците од синдикалните организации од регионот е дека државите каде што има масовен одлив на млади кадри треба да го стопираат тоа, така што ќе им обезбедат достоинствена работа, плата и живот, согласно образованието со кое се стекнале.
{loadposition content9}