Американскиот министер за одбрана, Chuck Hagel, изјави дека сиријскиот град Кобане, кој е на удар на силна офанзива на Исламската држава, голем проблем, но и дека воздушните напади сепак донекаде придонесле за потиснување на џихадистите.
“Чиниме сѐ што можеме со воздушните напади за да помогнеме во потиснувањето на Исламската држава и факт е дека е отстварен извесен напредок”, рекол Hagel во Сантијаго, главниот град на Чиле, која е една од станиците на неговата шестдневна турнеја по Јужна Америка.
“Тоа е голем проблем”, додал, говорејќи за Кобане, а нагласил и дека борбата против џихадистите, кои завзедоа големи територии од Сирија и Ирак, ќе биде долготрајна.
“Тоа е долготрајна операција. Тешко е, и сложено, и ќе бара многу жртвувања. Соработуваме со партнерите”, рекол тој.
На прашањето какава е состојбата во Ирак, Hagel одговорил дека Багдад е под потполна контрола на ирачките безбедносни сили, кои ги зацврстуваат своите позиции.
“И понатаму им помагаме со воздушни напади и совети”, заклучил Hagel.
{loadposition content9}