Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница
Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница.
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со своите занења и капацитети ќе и помага на охридската локална заедница. Започнаа да го реализираат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“. Идејата на Универзитетот е преку овој проект да излезе во пресрет на локалната заедница, за да се олеснат секојдневните активности користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии, нагласува Горан Шибакоски ассистент на УНИТ.
„Сите сервиси и услуги кои ги нуди Локалната самоуправа ќе бидат полесно подостапни ако се користат информатичките науки и технологии. Во сите сфери каде што може да се помогне тоа ќе го направиме. Целта е ако граѓаните имаат своја идеја, ја слушнале или виделе да предложат тоа да се имплементира тука а универзитетот може да го направи тоа ќе помогне во реализацијата“, истакнува Шибакоски.
Целта е преку развојот на иновативни решенија за урбаните и социјални проблеми и креирање на технологии достапни за локалната заедница, да се создаде иновациска мрежа помеѓу Универзитетот и локалната заедница, која ќе води кон прогрес во развојот и прифаќање на е-услугите и поставување на нови стандарди за испорака истите во рамките на градот Охрид.
„ Проектот е во прва фаза, почетна. Прво ги детектираме и собираме идеите и ќе е периодот во почетокот на овој семестар. Од кога ќе имаме собрани идеи ќе се направи селекција и ќе се пристапи кон реализација“, укажува Шибакоски.
Проектот „1000 идеи за подобар Охрид“ ќе придонесе кон развојот на образованието, економијата, здравството, судството, екологијата, сообраќајот, туризмот, промоцијата на културното и историско наследство и генерално подобрувањете на квалитетот на животот во Охрид.
{loadposition content9}