Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата
Во градинката Јасна Ристеска оваа зима нема да има проблеми со греењето. Навреме се направени сите подготовки. Интензивно се работи и на отварањето на новата група која ќе биде сместена во ОУ „Кочо Рацин“.
Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата и ниските температури кои се очекуваат. Градинката навреме набавила нафта , во три објекти сменета е дограмата се со цел да има поефикасно греење, а во „Росица“ по пат на донација добиле две печки со пелети така што проблемот со греењето и во овој објект е решен. Во моментов се врши и ремонт на парните котли, па директорката на оваа установа, Роза Костоска вели дека нема причина за никаква загриженост кај родителите. Се додека служат временските услови објектите на градинката ќе се загреваат со клима уреди.
По насока на Министерството во неколку објекти веќе имаме инсталирано клима уреди, дел преку донации, а дел од сопствени срдства така да на дечињата ќе им ги обезбедиме сите услови внатре да им биде топло и пријатно и слободно да можат да играат, учат и спијат во занималните, вели директорката.
Костоска објаснува дека оваа учебна година во градинката се запишале околу 830 дечиња, а 70 се на листа на чекање, но не можат да се примат поради ограничените просторни капацитети. Таа додава дека постојано изнаоѓаат нови модели за згрижување на децата така што отвараат паралелки и во населени места надвор од градот. Моментално интензивно се работи на уредување на просторот во училиштето „Кочо Рацин“ каде во една училница ќе биде сместена новата група која во почетокот ќе работи како центар за ран детски развој финансиран и поддржан од УНИЦЕФ, а потоа како група во други просторни услови.
Интересот за оваа група е околу 20 деца, а 6 се запишани во паралелката за ран детски развој. Разликата е тоа што центарот за ран детски развој опфаќа деца три часа во кои не е вклучена храна и спиење туку само згрижување и активности, вели Костоска.
Оваа паралелка ќе биде официјално отворена наредната недела. Инаку, градинката паралелно работи и на многу проекти со кои се збогатува и се осмислува времето на дечињата згрижени во оваа предшколска установа.
{loadposition content9}