Microsoft добил 200.000 повратни информации од корисниците за Windows 10
Милион корисници го превзела Windows 10 во првиот викенд
Дали на крајот Windows 10 ќе биде точно она што корисниците, но и самиот Microsoft, го сакаат и го очекуваат, тешко е да се каже, но ако се суди според иницијалната верзија за тестирање, работите се интригантни и интересни.
На официјалниот блог, еден од корисниците на Microsoft, Јое Belfore, објавил податок дека само минатиот викенд на Windows Insider, кој овозможува превземање и тестирање на Windows 10, се регистрирале преку милион корисници. Дали веднаш го инсталирале не е познато, но истакнато е дека 200.000 корисници му вратиле на Microsoft за тоа како го перцепирале новиот Windows, односно што им се допаднало а што не. Токму тоа и беше целта на Microsoft, кој со Windows 10 сака да креира оперативен систем во кој ќе биде важно мислењето на самите корисници. Всушност, тоа е и поентата на приказната, крајните корисници да бидат задоволни од производот, но сепак на крај конечната одлука за тоа како ќе изгледа и кои функции ќе ги има Windows 10, ќе го има Microsoft.
Спрема извештаите кои се пренесени на блогот, 64% од корисниците кои го превзеле Windows 10 Techical Preview го инсталирале на своите компјутери, додека 36% искористиле виртуелни машини за да го тестираат Windows 10.
Во Microsoft истакнуваат дека се задоволни со ваков одзив на корисниците на првата верзија на новиот оперативен систем и иако официјалното пуштање на Windows 10 се очекува за идната година, нема сомнение дека до финалната верзија ќе има многу расправи помеѓу корисниците, што докажува и првиот милион корисници кои расте од ден на ден.
{loadposition content9}


