Skip to main content

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа дел од семејството на Унеско

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа  дел од семејството на Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid prespa
ohrid prespa


Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа и официјално станa дел од семејството на Унеско. Во Корча, на пригодна свеченост, преставници на Националните Комисии на УНЕСКО, на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста, им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват како дел од УНЕСКО.  Со овој  свечен чин  регионот е еден од 14 -те прекугранични бисферни резервати  во светот ставени под заштита на Унеско.

Пред присутните се обратија заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставници на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО.
unesko
„Биосферниот резерват Охрид- Преспа  ни отвара една нова врата преку која можеме подобро да ги реализираме  нашите врски , поголема погранична територијална соработка меѓу општините каде што економскиот развој е во прв план, а тоа е брендирање на разни производи, како на пример ресенските јаболка, медот. Ќе се придонесе и кон развој на туризмот со што ќе се излезе на европскиот пазар“, рече  Стево Темелкски зам. мин на минситерството за животна средина и просторно планирање.
gradonacalniciМинистерството за животна средина има изграден став за добивањето на овој статус,  тоа не значи само прослава и предавање на сертификат за регионот, туку е обврска за понатамошната работа, за да се знае за бенефитите  што ќе ги добие регионот со овој статус, кажа и заменик  министерот за животна средина од Албанија, Дијана Бејко. Таа побара поддршка од двете држави,  за да се вклучи и Црна Гора со сливното подрачје на Скадарското езеро.


„Чувствувам потреба за сите жители од регионот од албанска и македонска страна за поддршка на соработката помеѓу Албанија и Црна Гора во заштита на природните извори како и употребата на природата во интерес на локалните бенефити да бидат еден од главните приоритети на работата на комитетот „Човек и биосфера“, истакна Бејко.
slika
Биосферните резервати се  признаени според програмата на УНЕСКО „ Човек и Биосфера“, со цел да се промовира одржливиот развој заснован на напорите на локалните заедници и рационалноста на науката. Прекуграничниот биосферен резерват Охрид- Преспа ќе биде управуван од страна на Комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, тело кое е формирано врз основа на билатералниот договор потпишан во 2004 година, а канцелариите ќе бидат во Охрид и Поградец.

„Целата оваа активност ја има една од главните компоненти, а тоа  е промоција во светот, влегување на нов вид туристи кои ќе дојдат во регионот, кои ќе бидат поврзани со уникатните вредности и кои ќе донесат нова вид  туристи кои ќе ги користат вредностите на биосферниот резерват и од македонска и од албанска страна“, напомена Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат.  

Во светот има 631 биосферни резервати во 119 земји во светот, од кои 14 се прекугранични.
Додека траеше свечената инаугурација, на шеталиштето во Корча, беа презентирани локални производи од жителите кои живеат во Биосферниот резерват. На штандови беа изложени  разни земјоделски производи, мед и  вино.
На настанот во Корча покрај високите владини преставници, и градоначалниците од Поградец,  Корча и Ресен,  изостана присуството  на тројцата грдаоначалници од Охрид,  Струга и Дебрца,   Никола Бакрачески, Игор Трајкоски и  Зијадин Села.

{loadposition content9}