Станува збор за нова генерација на литиум-јонски батерии кои ќе имаат голем животен век од 20 години, што само по себе ќе ја намали и количината на отпад предизвикан од потрошени батерии.
Новата генерација на оваа батерија ја направил Chen Xiaodong, професор од NTU. Неговиот изум ќе овозможи полнење на електричните автомобили и до 20 пати побрзо отколку досега. Ќе може да издржи преку 10.000 циклуси на полнење, што е 20 пати повеќе од постоечките технолошки решенија, пренесува International Business Times.
За производство на оваа батерија, Chen и неговиот тим користеле графит за анода во комбинација со нов гел материјал од титаниум диоксид. Со едноставен процес титаниумот диоксид го претвориле во наноцевчиња, кои драстично го забрзале хемискиот процес во самата батерија.
Титаниум диоксид може да се пронајде во изобилие, а станува збор за сигурен и ефтин материјал кој широко се користи како адитив во прехранбената индустрија и козметиката.
Новата батерија има и адитиви кои ги поврзуваат алактродата и анодата, што исто така го забрзува протокот на јоните во батеријата.
Се очекува оваа нова генерација на батерии да излезе на пазарот веќе следната година.
{loadposition content9}