На малото пристаниште ќе се гради угостителски објект
На малото пристаниште ќе се гради угостителски објект.
Угостителски објект ќе се гради на малото пристаниште наспроти хотел Палас. Локалната самоуправа распиша оглас со кој се бараат инвеститори кои со приватно јавно партнесртво ќе го уредуваат малото пристаниште.
Од секторот за урбанзиам и просторно планирање недостапни за коментар какви ќе се деталите околу изградбата на објектот, колкава површина ќе се стопанисува, на коллу време и од каков тип ќе биде угостителскиот објект. Градоначаликот Никола Бакрачески кратко информира дека тие услови дополнително ќе се договорат со заинтерсираниот инвеститор.
„ Во вој момент имаме изработено идејно решение , што значи дека соизработката на основниот проект ќе ги знаеме ситре детаљи околу површинатат и намнета на таа површина предвидена за рекострукција. По објавениот оглас со директни разговори со оние правни субјекти и компании кои ќе имаат интерес за реконструкција ќе се дефинираат површината и намената на тој објект“, кажа Бакрачески.
Намерата на Локалната самоуправа е руинираниот дел од овој атрактивен простор на езерскиот брег да го санира и да го претвори во култно место. Инаку оваа плажа, наречена Сирена, била изградена за потребите на хотелот Палас во 1958/ 59 година. Пријавувањето на огласот за заинтересираните инвеститори е до крајот на октомври.
{loadposition content9}