Skip to main content

За кампањата Недела за борба против гладот донираа охридскиот градоначалник и неговите соработници

За кампањата Недела за борба  против гладот донираа охридскиот градоначалник и неговите соработници.

 |  Валентина Неловска  | 
kampanja
kampanja

 Локалната самоуправа по втор пат се приклучува во активностите на општинскиот Црвен крст во кампањата Ден против гладот.  На симболичен начин со личен пример градоначалникот, советниците и директорите на јавните претпријатија дадоа свој допринос во акцијата Денот на борбата против гладот. Сакаме да ги поттикнеме сите хумани луѓе и фирми да се приклучат секој според своите можности да помогнеме на ранливата  категорија сограѓани, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

pomosПрвиот човек на градот напомена дека со овие хумани активности колку и да се помага тие се симболични, но она што Локалната самоуправа треба да го прави и го прави, е да ја раздвижи локалната економија во Охрид. Како градоначалник за мене тоа е врвен приоритет отварање на нови работни места, потенцира Бакрачески. Посочи дека во Локалната самоуправа опаѓа бројот на граѓаните кои побарале помош.
помош„ Според неофицијалните податоци кои ги имаат определени надлежни државни и локални институции факт кој радува е дека бројот на социјално загрозени семејства во Охрид постепено  опаѓа“, кажа градоначалникот.  
  Сашо Точков, претседателот на општинскиот Црвен крст, испрати апел  оние кои имаат можност да ја покажат својата хуманост и да донираат финансиски средства,  прехранбени артикли како и средства за лична хигиена за им го олеснат животот на социјално загрозените 500 -тина семејства евидентирани во Охрид.

„ Ги повикувам сите поединци  и фирми да земат учество во  акцијата со наше малку може да направиме многу за оние кои немаат нити малку“, апелираше Точков.    

Претседателот на ОО на ЦК  ги повикува социјалните случаи и луѓето кои се на работ на егзистенција да не ја губат волјата  за работа. Во црвен кртс може да се обратат за помош , има  неколку програми за ангажман за пријавените луѓе, барем да ги покријат дневните трошоци за живот.  

{loadposition content9}