На вчерашното претставување на Apple дискретно се појави и новиот iMac компјутер со различни хардверски перфоманси, но со брилијантен “retina” екран.
Станува збор за iMac компјутерот кој во конфигурацијата оди со 27 инчен екран кој ќе има резолуција од 5120 х 2800 пиксели, што во пракса значи неверојатни 17,7 милиони пиксели и резолуција од 5К, а тоа е зголемување од 4 пати во однос на класичниот 27 инчен iMac без retina екран.
Секако, новиот iMac доаѓа со нов OS X Yosemite оперативен систем, кој Apple го претстави вчера во комбинација со хардверските карактеристики на овој компјутер со кои овозможува досеги невидени можности со овој компјутер. Има и други импресивни детали како што е самото куќиште кое е тенко неверојатни 5 мм, а се водело сметка и за енергетската потрошувачка, па така новиот iMac носи заштеда од 30% во однос на минатите генерации на iMac.
Основната верзија на новиот iMac “all in one” со retina екран има процесор IntelCore i5 на 3,5 Ghz, графичка картичка Radeon R9 M290X, иницијално е вградена 8 GB RAM и хибриден Fusion диск. Секако дека постојат можности за одбирање на сопствена конфигурација, но на крајот сепак пресуден фактор е цената, бидејќи iMac “all in one” компјутерите секогаш со себе носат екстравагантност но и цена која многу корисници не можат да си ја дозволат. При тоа, владее мислење и дека за истата цена би можела да се склопи моќна конфигурација на друг компјутер, но, тоа нема ништо не менува во имиџот кој го има iMac.
{loadposition content9}