Skip to main content

70.000 работни места се укинуваат

Размерот на глобалната економска криза продолжува да се шири, откако американските и европските компании објавија планови за намалување на вкупно 70 илјади работни места.

 |  Крсте Голабовски  | 
market
маркет
Размерот на глобалната економска криза продолжува да се шири, откако американските и европските компании објавија планови за намалување на вкупно 70 илјади работни места.

Прва на списокот е американската компанија „Катерпилар“ која соопшти дека укинува речиси 20 илјади работни места. Најголемиот светски производител на градежна и рударска опрема предвидува оваа година да биде најлоша од Втората Светска Војна и објави дека ќе отпушти 17 илјади вработени и уште на 2.500 ќе им плати да си заминат.

Компанијата соопшти дека ќе ги замрзне платите на најголемиот дел од вработените и оти значително ќе ги замрзне расходите на управата.

bushotinaНајголемиот британски производител на челик, Корус, фирма која е сопственост на индиската групација Тата соопшти дека укинувањето на 3.500 работни места ширум светот ќе биде клучна за идното работење на компанијата.

Корус вработува вкупно 42 илјади работници во целиот свет, а најголемиот дел од отпуштените ќе бидат 2.500 работници од три челичари во Британија.

Големи отпуштања најавија и производителот на лекови Пфицер – 19 илјади луѓе, мобилниот оператор Спринт Некстел осум илјади, холандската банка ИНГ седум илјади, Филипс шест ќе намали шест илјади вработени, а Хоум Депо -7.000.

 

 

{loadposition content9}