Skip to main content

Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли

Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли во ПЕ на ПИОМ Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
dvojazicni tabli
двојазични табли

dvojazicni tabliИ после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор.

Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа.

Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа од Охрид. ТВМ и понатаму ќе настојува да добие одговор на поставените прашања до институциите со цел охридската јавност да биде транспарентно информирана зошто се поставуваат двојазични табли, на македонски и албански јазик, во институции во општина во која нема 20 % население кое го зборува албанскиот јазик.

{loadposition content9}