Новата услуга која ја нуди Skype е наменета за брзо и едноставно разменување на видео материјал, а поддржана е од преку 140 модели на паметни телефони.
Qik иницијално е покренат како startup во 2007 година, кога Rama Sunkar, Bhaskar Roy и Nikolay Abkairov ја осмислиле платформата која Skype ја купи во 2011 година за 150 милиони долари. Подоцна Skype заврши под контрола на Microsoft, а сега е родена нова можност за размена на кратки, динамични и брзи видео содржини со своите пријатели кои ги имате на Skype. Qik Skype е достапен за Android, iOS и Windows мобилните оперативни системи и е практична апликација за сите оние кои сакаат вакви работи да споделуваат по пат на паметните уреди.
Секако дека Qik Skype овозможува споделување на видео содржината и на други бројни социјални мрежи, а истото видео може да се стави на Qik web страницата, што е многу интересно и функционално ако притоа, на пример, сакате истото тоа видео да го инплементирате на својата лична web страница.
Ова е уште еден потез со кој Skype настојува да остане компетитивен на пазарот на апликации за директна комуникација, било по пат на компјутер или паметен телефон.
{loadposition content9}