Охридски Комуналец дел од акцијата Македонија без отпад
Со чистење отпад кој се наоѓа на несоодветни места во околината, ЈП Охридски Комуналец се вклучи во националната акција „Македонија без отпад“. Собрани се 40 вреќи комунален отпад од двете страни на патниот правец Охрид – Скопје, од потегот на клучката на влезот на Охрид до с. Подмоље.
Охридски Комуналец дел од акцијата „Македонија без отпад“. Утрово екипите на ЈП на патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље, го исчистија целиот комунален отпад кој што лежеше од двете стграни на коловозот. Првиот човек на ЈП Елена Скрческа нагласува дека во расчистување на патот биле исклучиво вклучени нивните вработени.
„Собрани се некаде околу 40 тина вреќи најлонски со ситен отпад, пластики, најлон, хартија. Учествуваа поголем број на наши вработени тоа е специфичен потег каде што не можат да учествуваат деца со оглед да има промет на возила“ – вели Скрческа.
А во самиот центар на градот преку ноќ никнуваат диви депонии на кои се одлага градежен шут, кабаст отпад. Скрческа вели дека ги чистат дивите депонии но граѓаните повторно на истите места одлагаат отпад. За да се спречи таквата состојба потребна е поголема ангажираност на инспекциските служби.
„Сите диви депонии се во надлежност на инспекциските служби, тие треба да ги откриваат сторителите на дивитге депонии а н ие сме должни по нивни налог да ги исчистиме. Веќе цел град го опфаќаме со зелен отпад, со кабаст отпад иако во текот на годината имаме работен календар и одредуваме која сабота која урбана заедница треба да изнесе таков отпад ни се случува скоро секој ден да собираме зелен отпад. За градежниот шут имаме депонија и должни се граѓаните со своја приколка за некоја симболична цена да го депонираат на депонија Мауцхер“ – нагласува Скрческа.
Скрческа денес на терен беше и на полигонот за мали спортови пред ресторанот Европа. Таму се одвиваше акцијата за собирање на електрични апарати која акција е во соработка со Локалната самоуправа и и Министерството за животна средина. Од ЈП нагласија дека согласно измените на законот за отпад кој на сила ќе стапи од 01.01. следната година, повеќе нема да се организираат собирни акции бидејќи третирањето на електронскиот отпад ќе биде обврска на компаниите кои се занимаваат со продажба на електронска опрема, а воедно од наредната година во рамки на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе биде отворен собирен пункт за електронски отпад.
{loadposition content9}