Шпекулациите за смартфон од Facebook се повторно актуелни и најголемата социјална мрежа наводно преговара со јужнокорејскиот Samsung за можна соработка на тоа поле.
Спрема пишувањата на јужнокорејските медиуми, шефот на Facebook, Mark Zuckerberg и неговата директорка за операции Sheryl Sandberg се сретнале со потпретседателот на Samsung, Lee Jay-Yong во Сеул, за да ја разгледаат оваа можност.
Партнерството помеѓу Facebook и Samsung би можело да има смисол, со оглед на тоа дека двете компании посредно веќе соработуваат, пишува Business Insider. Имено, Facebook го купи Oculus, компанија за виртуелна стварност со која Samsung порано оваа година склучи партнерство за развој на својот уред GearVR.
Гласините, телефон од Facebook, кружат веќе со години, а Zuckerberg се обидел да направи нешто слично во соработка со HTC, чиј модел HTC First, доаѓаше со софтвер на Facebook Home. Меѓутоа, нивниот експеримент не се покажа како многу успешен.
{loadposition content9}