Skip to main content

Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија

 Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија.

 |  Валентина Неловска  | 
јадење
јадење

Младите се помалку ја избираат како свое занимање професијата готвач и не ја ценат доволно. Повеќето од нив  не се однесуваат сериозно кон професијата иако  ја избрале да ја изучуваат. Тоа не е  случај со средношколците  Џемил Јакупоски од Дебар и охриѓанецот Илјаз Ибраими, кои се дел од угостителското училиште,  во трета година на смерот готварство во Ванчо Питошески.  Тие ги откриваат своите  причини за изборот готвач. Велат интересна им е професијата, сакаат да ракуваат со храна и  сакаат понатка да се реализираат во неа.
јадење
„ Говењето за мене е иднина, пробав да готвам ми се допадна“, рече  Џемил Јакупоски

„Гледам како уметност и професија за преживување си ја гледам иднината. Повеќе се заработува со готвењето мое мислење е“, Илјаз Ибраими.

Професијата готвач е тешка професија, но задоволството е големо кога ќе се задоволат гастрономските вкусови на посетителите во угостителските објекти, напоменува професорот по готварство од ова училиште Блаже Јорданоски.  Тој додава дека кај нас не е доволно ценета професија и е слабо платена.  За таквата состојба вели има повеќе причини, и не е само финансискиотмомент туку дека има и други причини кои делуваат на состојбите.
јадење
„Тука гледам дека и дека не е посакувана оваа професија. За жал ситуацијата е таква. Во разговор со работодавачите  велат дека нема доволно  квалитетен кадар од наша старна , а од друга страна ние не можеме да создадаваме кадар  потербен з а нашето угостителст6во  ако и тие не да дадат свој придонес. Не треба да чекаат само на училиштето да направи кадар каков што тие посакуваат без нивно инволвирање“, Јорданоски професор по готварство.   

Во последните години таа станува се повеќе и машка професија. Пред 3-4 години се запишувале повеќе девојчина ,а сега во поголем број се машките, напоменува професорот Јорданоски.  
 Денес се одбележува Меѓунарониот ден на професијата  готвач. Во светот одамна  професијата готвач има третман на уметност во подготвување на храната.      

{loadposition content9}