На почетокот на 2012 година во голема полициска акција на Нов Зеланд е уапсен Kim Dotcom кој бројни медиуми го нарекоа “најпознат светски пират” и основач на MegaUpload, тогаш најпопуларната пиратска страница. Иако се чинеше дека до крајот на животот повеќето време ќе го помине во затвор, тој сепак брзо беше пуштен, чекајќи одлука за екстрадиција во САД, а во исто време покренал и нов сервис за складирање и размена на податоци.
Сепак, на Dotcom и понатаму му се заканува ектрадиција во САД каде му се заканува казна од 50 години затвор, а поради големи загуби поради пиратството по пат на MegaUpload, против Dotcom цивилна тужба подигнала и екипа од Hollywood и како што пренесува Guardian, пет филмски студија од него бараат повеќе од 100 милиони долари. Информациите за неговото точно богатство не се јавно познати а некои го проценуваат на околу 200 милиони долари, што тој никогаш не го ни криел, секогаш со задоволство се фалел со вили, бродови, скапи автомобили и слично. Челниците на овие филмски студија ќе можат да ги добијат податоците по судски пат кои порано ги побарале бидејќи се плашеле дека тие пари би можел да ги потроши пред евентуалното носење на одлуката за отштета која требало да им ја исплати.
Тој на оваа одлука се жалел, но судот неговата жалба ја одбил така што екипата од филмските студија ќе можат да ги добијат податоците за парите кој ги заработил за сиве овие години, а тие се сомневаат дека повеќето пари ги заработил со кршење на авторските права и пиратство, односно по пат на неговиот сервис најголем број на луѓе го користеле за споделување на музика и филмови. Податоците за богатството на Kim Dotcom наскоро ќе бидат познати за филмските студија, но тие и понатаму ќе останат тајна за јавноста.
{loadposition content9}