Подмладок на крап пуштен во Црн Дрим
Концесионерите што стопанисуваат со долниот слив на реката Црн Дрим, заедно со одговорните од ХЕЦ „Глобочица“ и Спортско-риболовниот клуб „Црн Дрим“ од Лабуништа, деновиве извршија порибување на долниот слив на реката и вештачкото езеро „Глобочица“ со подмладок на крап.
молзење пастрмка

Претседателот на лабунишките спортски риболовци Беадин Демиралиески рече дека со извршеното порибување рибниот фонд во реката Црн Дрим во наредните две години ќе се зголеми за околу 20 тони риба.

Инаку, во тој дел на Дрим, како и во акумулацијата „Глобочица“, има и други видови риба, како што се јагула, клен, плашица, пастрмка и други видови. Порибувањето е извршено со средства обезбедени од сопствени извори, а десетте илјади парчиња крап биле обезбедени од мрестилиште во Кавадарци.
На порибувањето присуствуваа заменик-министерот за финансии Недим Рамизи и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
{loadposition content9}