Вмро Дпмне ја подготви листата со потенцијални кандидати за советници
Струшкиот комитет на Вмро Дпмне ја подготви листата со потенцијални кандидати за советници. Истата се состои од мешовити кандидати членови на оваа партија. Од Вмро Дпмне ги отфрлаат шпекулациите дека ќе го подржат кандидатот на ПЕИ за градоначалник.
Вмро Дпмне од Струга деновиве ја објави листата со потенцијални кандидати за советници од оваа партија. За местото во струшкиот совет ќе се борат претежно млади луѓе, Твм ќе ги презентира само десетина од кандидатите. Иако неофицијално, носител на листата за кандидати на советници е претседателот на општинскиот комитет, адвокат Славко Котески. За втор кандидат на листата се посочува името на професорот Никола Затуроски. Третото место и припаѓа на професор Славица Секулоска , после неа четврт на списокот е студентот Златко Шурдоски, под број пет е Мирче Клечкароски, шест на листата е бизнисменот Александар Костески. Седмото место и припаѓа на д-р Сузана Секулоска, после неа се и потенцијалните кандидати: Игор Домазетоски и Стане Велјаноски.
Оваа листа на кандидати не е дефинитивна, вели претседателот на стушкиот комитет. Доколку Котески е кандидат за прв човек на Струга, тогаш носител на оваа листа би бил д-р Момчило Аврамоски, дознаваме од партиски извори. Со оваа информација се побиваат шпекулациите оти заеднички кандидат за градоначалник на претстојните избори ќе биде челникот на ПЕИ, Фијат Цаноски.
Ставот на општинскиот комитет на Вмро Дпмне од Струга е на предстојните избори, кандидатот за градоначалник да биде исклучиво македонец и тоа член на оваа партија.
Претседателот на струшкиот комитет на Вмро Дпмне речиси со сигурност очекува дека ПЕИ ќе го прифати овој предлог. Засега не се знае со која политичка партија би настапила Вмро Дпмне на претстојните избори. Не ја отфрлаат и можноста на локалните избори да настапат со заеднички кандидат за градоначалник со струшката СДСМ.
{loadposition content9}