Skip to main content

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со  новата опрема.

 |  Валентина Неловска  | 
театар
театар

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се  разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.
театар
„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни  покрај опрематат за осветлување ќе добиуеме о опрема за озвучување и технички ќе бидеме потполно спремни за продукција, кажува Стојаноски.

 

театарСтојаноски кажа дека практично со оваа набавка се става крај на потребите на театарот со техничка опременсот. Додава дека со набавката на новата опрема ќе се влијае врз квалитетот на продукциите и ќе ги зголеми техничко-технолошките можности на  театарот.

„Недостасуваат уште малку некои  работи кои се во смисла на  практичност на просторни капацитети и тоа реално би било оваа фаза во наредните 2 години да може да  функционира беспрекорно.“  

По премиерата на детската претстава „Пат околу светот“ во септември охридските актери во моментов подготвуваат нова претстава „Детектор на лаги“,  ќе биде одиграна на крајот од месец октомври.

{loadposition content9}