Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ: Ветените проекти се исполнуваат во континуитет

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференцијата од СДСМ.

 |   | 
ВМРО ДПМНЕ
ВМРО ДПМНЕ

Реакција на OK на  ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференцијата од ОО на СДСМ Охрид. Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост.


ВМРО ДПМНЕЈавни испади, гафови  и неупатеност за активности кои се случуваат во Охрид а се од  јавен интерес,   се  вообичаени за   советниците  и членовите  на СДСМ кои  и со денешната прес конференција покажаа дека се “безделничари“ или во најблага форма  гости во градов кои  по кој знае кој пат  јавно признаа дека ништо добро не направиле во  Охрид  и потсетија на пустошот што  го оставија  зад себе.
  СДСМ  го критикува домаќинското, посветено  и чесно   работење на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески  затоа што таа  е синоним на  спротивното, односно на криминалното и коруптивно работење  за остварување   лични цели   и токму поради тоа оваа партија   никогаш нема да ја  разбере суштината на законското работење  на сегашната Локална власт која пред се е насочена за доброто на граѓаните.
 ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески  покрај тоа што  ги враќаат и плаќаат астрономски високите , неоправдани  долгови  кои  СДСМ ги  остави во Општината и во Јавните претпријатија,  работат и  на  низа  други проекти кои се за доброто на Охрид и охриѓани.
За “гостите“ од СДСМ кои не знаат што им се  случува во родниот град ги потсетуваме дека сите проекти  кои што ги ветиле ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески  се исполнуваат во континуитет.  Иако законското работење е табу тема за СДСМ сепак им укажуваме дека  ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески   работат  во склад со законите  што значи  дека  секој проект има сопствена законска рамка која подразбира  проток на одреден временски период до конечна реализација на истиот. Притоа потсетуваме дека новата локална власт  на ВМРО-ДПМНЕ сите проекти успешно ги започна иако се соочи со невидени правни, урбанистички лавиринти и “заврзлами“ кои ги остави претходната власт на СДСМ.
   И додека СДСМ го потресуваат меѓународни  и домашни скандали, ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се што ветуваат исполнуваат.
Во тек се проектите  за    затворениот пазар,  современата автобуска станица ,домот за стари лица , катната гаража, затворениот пливачки базен  во Охрид.
Проектот за  затворениот пазар е во поодмината фаза и веќе е добиена согласност од Советот за јавни  набавки и тоа значи дека преку Бирото за јавни набавки  веќе денес се очекува да има објава за воспоставување на јавно –приватно партнерство, по што  ќе  следи избор за приватниот партнер.
Во однос на проектот  за современата автобуска станица веќе е донесен Урбанистички план, изработен е извод по тој план кој е  доставен за изработка на нумерички податоци. По добивањето на нумеричките податоци од страна на фирмата која ќе  биде избрана на тендер ќе продолжи реализацијата на проектот.
  Што се однесува до  Домот  за стари лица веќе е изработен изводот и нумеричките податоци кои се во согласност со него. Успешно се решаваат и  имотно правните односи  по што следи натамошна реализација на проектот.
Во однос на проектите  за катната гаража веќе се изработени нумеричките податоци а  за затворениот пливачки базен , изводот е веќе издаден и се работи главниот проект.
 Како никогаш до сега Локалната Власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ  и градоначалникот Никола Бакрачески макотрпно работат на стопанско заживување на Охрид   со привлекување на странски инвеститори  како во  индустријата   така и во туризмот.   Два автомобилски гиганти стануваат дел од охридската историја , најавени се многу други. Истото е и во областа на туризмот. Инвестициите ветуваат многу.  Двете индустриски зони кај “Мауцхер“ и ТИРЗ- Струга, значат економски препород  за Охрид.
 За една година и неколку месеци асфалтирани се над 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид, поставена е нова канализациона и водоводна мрежа.  Направено е многу за образовните институции во градов.  
Што се однесува до средствата што Општина Охрид ги доби од Светска Банка за изградба на капитални проекти , маката на СДСМ е една. Не беа способни и  никогаш  не успеаја во цели осум години целосно да изготват  барем еден проект со кој би аплицирале пред Светска Банка.  Никогаш не успејаа  да ги исполнат основните услови за добивање заем од ваква етаблирана меѓународна институција. Тоа  е мката на СДСМ не може  да се помири со успешната работа на ВМРО –ДПМНЕ и  градоначалникот Никола Бакрачески кои  ветуваат и исполнуваат за доброто  на Охрид и охриѓани.